Skip to main content

Вечерва Мaкедонија ја пречекува Белгија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Фудбалерите се очекува да имаат поддршка од околу 25.000 гледачи од трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во дуелот против главниот претендент за водечкото место во квалификациската група Ј.

По двата воведни дуели, Македонија е првопласирана во групата со четири бодови, по триумфот на гостински терен над Лихтенштајн и ремито против Велс во Скопје.

Вечерашниот натпревар (20:45 часот) ќе биде петти меѓусебен дуел во кој Македонија ќе се обиде да ја забележи првата победа над Белгија. Последното реми датира од 1994 година (1-1), по што следеа три порази: 5-0 (1995), 2-0 и 1-0 (обата во 2013 година).

Јунскиот циклус во рамки на мундијалските квалификации Македонија ќе го заокружи на 9 јуни со гостување во Казахстан.

Поврзани вести