
Фудбалерите на Шкендија со победа од 2:1 над Башкими го „отворија“ петтото коло од Првата лига. Во првиот натпревар од оваа рунда „тетовчани“ го совладаа Башкими со 2:1.
Шкендија поведе со голот на Решат Рамадани во 25.минута, а на почетокот на вториот дел на 2:0 зголеми Фабрис Тамба во 53.минута. Единствениот гол за Башкими го постигна Недим Хаџиќ во 76.минута од пенал.
Шкендија со денешната победа и трите бода се проби на третата позиција со 10 бодови, два помалку двете водечки екипи Силекс и Струга Трим Лум.
Вечерва со почеток од 19 часот се игра вториот натпревар од денешната програма Вардар е домаќин на Македонија Ѓорче Петров, а дуелот се игра на Националната Арена „Филип Втори