
Фудбалскиот клуб Вардар ќе го повлече бројот 11 во чест на легендата на клубот, Васил Рингов кој во вторникот по кратко боледување почина на 70-годишна возраст. Рингов ќе стане првиот фудбалер во историјата на клубот на кого Вардар му го повлекува дресот објави Sport.com.mk
Оваа сезона бројот 11 го носи 19-годишниот Димитар Данев, а дополнително ќе биде соопштено дали церемонијата ќе се одржи во текот или по завршувањето на сезоната.
Васил Рингов беше дел од Вардар во три наврати, вкупно девет сезони, а својата кариера во „црвено-црниот“ дрес ја заврши во 1987 година.

Македонски






