Skip to main content
Реакции по дербито

ВАР не погрешил при пеналот за Вардар и офсајдот на Шкендија

Судиската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македоноија по разгледувањето на извештајот од натпреварот Шкендија – Вардар во рамки на 10. коло од Прва МФЛ, утврди дека судиските одлуки во неколку спорни моменти се целосно исправни.

Во акцијата на која и претходеше досудениот пенал, немаше прекршок, играта продолжи регуларно: по изведениот корнер, судијата правилно досуди пенал поради игра со рака од страна на фудбалерот на Шкендија, што е во целосно во согласност со правилата на игра:

Во 88. минута, по интервенција на ВАР системот, оправдано беше поништен погодокот на Шкендија поради недозволена, офсајд ситуација во која беше стрелецот на голот, Бесарт Ибраими.

Поврзани вести