Skip to main content
MUvi1FzkJRw

Вака изгледа кога се тепаат аргентински и чилеански навивачи

 Вкупно 19 повредени, од кои двајца потешко и најмалку 100 приведени е билансот од пресметката меѓу навивачите на аргентинскиот Индепендиенте и чилеанскиот Универсидад де Чиле на стадионот во Авељанеда, јужно од Буенос Аирес.

Поради инциденти на трибините, реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана во средата вечер беше прекинат во 48 минута при резултат 1-1.

Во првиот натпревар од ова второ најголемо клупско натпреварување во Јужна Америка, зад престижниот Копа Либертадорес, Универсидад де Чиле победи со 1-0.

Атмосферата беше напната уште пред натпреварот, а инцидентите започнаа кога чилеанските навивачи почнаа да фрлаат разни пиротехнички материјали и столчиња кон долните и страничните трибини каде беа сместени аргентинските навивачи, кои потоа возвратија.

Во хаосот, аргентинските навивачи се искачија на горните трибини за да ги нападнат чилеанските навивачи. Сликите споделени на социјалните мрежи покажуваат луѓе како се пресметуваат со стапови и палки.

Натпреварот беше обележан со големи безбедносни пропусти, што доведоа до судири на навивачите

Поврзани вести