
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со два порази ги заврши контролните натпревари против Словенија на домашен терен, откако попладнево загуби и во вториот дуел во Струмица со 4-0.
Откако во вторникот загубија со 3-1, избраниците на селекторот Димитар Капинковски денеска претрпеа уште повисок пораз што го навести Кристијан Козар во 33 минута.
До крајот на полувремето, Козар го зголеми водството на Словенија во 40 минута.
Во второто полувреме Флоријан Межнар (69 минута) и Тилен Летоња ѝ донесоа на словенечката репрезентација убедлив триумф.

Македонски


