Skip to main content

Tиквеш го отпушти целиот стручен штаб

Акционерското друштво на ГФК Тиквеш донесе одлука да се раскине соработката со комплетниот стручен штаб, објави вечерва прволигашот од Кавадарци.

Прекината е соработката со тренерот Борче Христов, неговите асистенти Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков, како и договорот со спортскиот директор, Љупчо Трајковски.

Целокупното раководење со клубот до крајот на актуелната сезона, како што е соопштено, ќе го преземе ко-сопственикот Цезер Браво.

„Клубот и понатаму ќе продолжи да функционира чесно, професионално и во интерес на сите љубители и поддржувачи на ГФК Тиквеш, со јасна цел, стабилност и напредок до крајот на сезоната. Клубот им се заблагодарува на шефот на стручниот штаб, неговите асистенти, како и на спортскиот директор за нивниот ангажман и придонес во изминатиот период и им посакува многу успех во понатамошната кариера“, се наведува во клупското сооптение.