
Пред почетокот на денешниот натпревар битолските пионери од ФК Пелистер Младинска Школа, предводени од Тодоровски, со шпалир ги пречекаа своите врсници од Македонија Ѓорче Петров, кои веќе ја обезбедија шампионската титула во пионерската лига.
Фудбалот не се мери само со победи и трофеи, туку и со почит, спортски дух и вредности кои се градат уште од најмала возраст. Денешниот момент беше уште една потврда дека покрај создавање фудбалери, создаваме и вистински личности, велат oд ФК Пелистер Младинска Школа.

Македонски


