
Со силни безбедносни мерки, како во центарот на градот така и во околината на салата, со фан-зона за навивачите и љубителите на кошарката, Атина се подготвува за завршниот турнир на Евролигата што ќе се одржи од денеска до недела, а учество обезбедија Валенсија, Реал Мадрид, Олимпијакос и Фенербахче.
Атина, по пауза од 19 години, е домаќин на фајналфорот, натпреварите ќе се одржат во реновираната олимписка спортска сала „Телеком центар“ во северниот дел на градот, а ја користи Панатинаикос за натпреварите на домашен терен и има капацитет да прими 18.000 гледачи.

Македонски


