Skip to main content

Снимен како ги навредува Ливерпул и Јирген Коп: Англиската асоцијација на судии го отпушти Дејвид Кут

Англиската асоцијација на професионални судии (ПГМОЛ) информира дека го отпуштила судијата Дејвид Кут.

Во ноември, 42-годишниот судија беше суспендиран од натпреварите во Премиер лигата поради контроверзното видео каде што во разговор со пријателите, Ливерпул ги нарече глупи, а со вулгарни зборови го навреди и поранешниот тренер на „црвените“ Јирген Клоп.

По завршувањето на темелната истрага за однесувањето на Дејвид Кут, неговиот работен однос со ПГМОЛ денеска беше прекинат. Утврдено е дека дејствијата на Дејвид Кут се сериозно прекршување на условите од неговиот договор за вработување и неговите зборови се неприфатливи, се вели во соопштението на ПГМОЛ.

Во соопштението се истакнува дека Кут има право на жалба на оваа одлука. 

Поврзани вести