Skip to main content

Шведската полиција не ги гали навивачите

Принтскрин

Во првото коло од шведскиот шампионат, фудбалерите на Малме победија на гостински терен кај Ѓургарден со минимален резултат.

Наместо самиот натпревар, главна тема во тамошните медиуми се навивачите, кои оркестрираа голем скандал. Хулигани се степале пред стадионот бидејќи гостите купиле билети за делот каде што се сместени навивачите на Ѓургарден.

Полицијата морала да интервенира за да спречи поголема тепачка, но како што ескалирал хаосот, и органите на редот почнале да користат солзабец.

Поврзани вести