
Карабах е многу квалитетна екипа, чија најсилна страна е искуството од долгогодишното играње заедно, но Шкендија има свои сметки на претстојниот двомеч од третото квалификциско коло во Лигата на шампионите, вели тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.
Тој најави дека ќе се обидат да го извлечат најдоброто од себе и на терен да го спроведат тоа што го разгледувале низ анализите и подготовките за мечот.
Карабах има доста квалитет, последните 12 години има 11 шампионски тирули, а тренерот веќе 17 години е во клубот. Сепак, ние имаме нашии сметки. Треба да бидеме сериозна екипа, да го почитуваме противникот, но и себе си. Ако сакаме успех ќе треба да одиме до лимитот на нашите можности, можеби и над тоа, да дадеме максимум што можеме“, изјави Беќири на прес-конференцијата ред мечот во Скопје.
Пласманот во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, за Шкендија е историски успех, кој во најлош случај им обезбедува учество во групната фаза од Конференциската лига. Според Беќири, тоа може да им даде на неговите фудблери смиреност, но не треба да им ја намали мотивираноста да продолжат да се борат за нови успеси.
Ако останеме гладни, со низете на земја и со желба, тогаш имаме шанси да поминеме во овој двомеч“, додаде Беќири.

Својот став пред натпреварот со Карабах го даде и капитенот Бесарт Ибраими. И тој изрази умерен оптимизам дека „црвено-црните“ ќе успеат да направат нов подвиг.
Најважно е ќе биде да дадеме максимум и мислам дека тоа ќе биде така. Досега дававме се од себе како тим, па зошто да не биди така и против Карабах. Имаме добра шанса за да постигнеме историја. Притисок имавме во првото коло против ТНС од Велс, а потоа ФСЦБ беа фаворити, како што е сега Карабах. Но ние треба да дадеме максимум и зошто да не, фаворитот повторно да не биде подобар“, коментира Ибраими.
Натпреварот меѓу Шкендија и Карбах се игра во вторник, на арената „Тоше Проески“ со почетокот од 20 часот.