Skip to main content

„Сантијаго Бернабе“ ќе стане и тениска арена

Тениски терен од земјена подлога ќе биде поставен на стадионот на мадридски Реал, „Сантијаго Бернабеу“, што ќе се користи за тренинг за тенискиот ВТА турнир од серијата 1000 во шпанската престолнина од 20 април до 3 мај, објавија денеска организаторите.


Теренот ќе биде достапен за тенисерките во периодот од 23 до 30 април, кога Реал Мадрид нема на распоредот домашни натпревари.


„Поставувањето земјен тениски терен на еден од најважните стадиони во светот создава уникатно место за средба помеѓу традицијата на тенисот и универзалната привлечност на сцената која постојано се менува‘, соопштија организаторите на турнирот.


Реал Мадрид во ноември лани прв пат во историјата беше домаќин на натпревар од американската професионална рагби лига (НФЛ), како дел од својата стратегија да го направи својот реновиран стадион профитабилен по реконструкцијата во 2023 година.

Поврзани вести