Skip to main content
xTeTg7c_VYM

Рутинска победа на Рома за враќање во врвот на Серија А

 Рома ја победи Џенова со 3:1 синоќа на свој терен во натпревар од 17. коло од Италијанското фудбалско првенство.

Римјаните трите гола ги постигнаа во првото полувреме, а стрелци беа Матијас Суле, Ману Коне и Еван Фергусон. За Џенова погоди Џеф Ечатор, кон крајот на второто полувреме.

Џенова го претрпе третиот последователен пораз. Тие се на 17. место на табелата со 14 бода по 17 натпревари. Рома има 33 бода и се искачи на четвртото место во Серија А.

Во следното коло, Рома ќе игра против Аталанта на гости на 3 јануари, а Џенова ќе биде домаќин на Пиза истиот ден

Поврзани вести