
Килијан Мбапе стана шести најдобар стрелец во историјата на фудбалската Лига на шампионите.
Ѕвездата на Реал Мадрид синоќа постигна два гола во победата од 2:1 над Марсеј во елитното фудбалско натпреварување. Французинот двата погодока ги постигна од пенал.
Ова беа 56-тиот и 57-миот гол на Мбапе во 88 натпревари во натпреварувањето. Тој го надмина поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој (56 гола во 73 натпревари) и стана шести најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите.
Мбапе се израмни со поранешниот играч од средниот ред на Баерн Минхен, Томас Милер (57 гола во 163 натпревари).
Следен за престигнување на листата е поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул (71 гол во 142 натпревари). Лидер е Кристијано Роналдо со 140 гола во 183 натпревари