Skip to main content

ПСЖ се интересира за Винисиус

Пари Сен Жермен одржал ненадејни разговори со луѓето околу Винисиус Жуниор, откако Бразилецот ја одбил понудата за нов договор од Реал Мадрид, пишува „Скај Спортс“

По преговорите помеѓу Реал и претставниците на 24-годишниот Винисиус пред околу две недели, не бил постигнат договор, а играчот ја одбил првичната понуда за продолжување на договорот, бидејќи очекува подобри финансиски услови од клубот.

Францускиот шампион ја следи ситуацијата околу Бразилецот и може да направи и официјално барање доколку Реал Мадрид не ги исполни барањата на Винисиус.

Актуелниот договор на бразилскиот интернационалец со европскиот клупски шампион е до јуни 2027 година, но шпанските медиуми јавуваат дека расте тензијата околу играчот во соблекувалната на тимот.

Винисиус Жуниор вечерва ќе има можност да му ја докаже важноста на Реал Мадрид на првиот натпревар против Манчестер Сити во плејофот од Лигата на шампионите во Англија. 

Поврзани вести