Skip to main content

Прва фудбалска лига: Шкендија реди победи, Работнички порази

 Шкендија го совлада Силекс со 2-0, додека АП Брера славеше гостинска победа над Работнички со 4-3 во двата денешни натпревари во рамки на осмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Со триумфот во дербито на колото, фудбалерите на Шкендија се искачија на врвот на табелата со 20 бодови, еден повеќе, но и натпревар повеќе од Струга, на второто и Вардар, на третото место.

Силекс ја продолжи негативната серија и со третиот пораз во низа остана петтопласиран со 15 бодови.

Во натпревар со седум голови, АП Брера дојде до втората победа во низа и се искачи на шестото место на табелата со 11 босови, додека Работнички остана на претпоследното место со четири бодови.

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре, кога Башкими во Куманово го пречекува Вардар, додека Струга е домаќин на Пелистер.

Табела; Шкендија 20, Струга 19 (-1), Вардар 19 (-1), Силекс 15, Башкими 13 (-1), АП Брера 11, Македонија ЃП 9, Арсими 8, Тиквеш 8, Пелистер 6 (-1), Работнички 4, Шкупи 0

Поврзани вести