
Досегашниот тренер на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, наскоро би можел да го преземе Рубин од Казањ, открива рускиот новинар Иван Карпов.
По серијата лоши резултати, клубот од Казањ му се заблагодари на тренерот Рашид Рахимов и веднаш почна да бара негов наследник.
Српскиот фудбалски стручњак наводно е прв фаворит за клупата на Рубин.
Клубот од Казањ неодамна беше елиминиран од националниот куп, а моментално ја зазема само седмата позиција во руското првенство.

Македонски






