Skip to main content

На Јуве му тргна, го победи Интер

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота ги искажа своите импресии по натпреварот со Интер од 25. коло од италијанското фудбалско првенство.

Јувентус победи со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Консеисао во 74. минута.

-Победата ни ја подига самодоверба и свесност за нашата сила. Во првото полувреме Интер беше подобар. Сепак, во вториот одигравме на повисоко ниво, технички бевме поуверливи. Тоа е вистинскиот начин, изјави Мота по дербито.

Со оваа победа Јувентус стигна до 46 бода и се искачи на четвртото место во поредокот. Интер е втор со 54 бодови, два помалку од лидерот Наполи. 

Поврзани вести