Skip to main content

Mладите фудбалери ја победија Ерменија нагости

 Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа втората победа во квалификациите за Европското првенство 2027, совладувајќи ја попладнево Ерменија на гостински терен со 2-0 (1-0).

Ѓоргиевски од пенал донесе почетна предност на гостувањето во Ереван во 45 минута од пенал, додека конечниот резултат го постави Љатифи во 75 минута.

За избраниците на селекторот Горан Станиќ ова е втора победа во квалификациската група Ф, и двете против Ерменија, која во октомври лани во Битола беше совлада со 2-1.

На две кола до крајот на европските квалификации, Македонија е претпоследна на табелата со шест бодови, пред завршните дуели со Црна Гора и Шведска во октомври.

Поврзани вести