Skip to main content

Матеус Куња од Вулверхемптон е првото засилување за Манчестер јунајтед

Facebook / Matheus Cunha
Facebook / Matheus Cunha

Манчестер сунајтед потпиша договор со Матеус Куња од Вулверхемптон вондерерс, а договорот е потврден од двата клуба од Премиер лигата. Бразилскиот напаѓач потпиша петгодишен договор со можност за продолжување за уште една година.

Јунајтед ја активираше клаузулата за ослободување на 26-годишниот напаѓач, која е вредна околу 62,5 милиони фунти (75 милиони евра)., со што Бразилецот стана првото летно засилување на Јунајтед.

Манчестер Јунајтед постигна договор за Матеуш Куња со Вулверхемптон Вондерерс. Играчот е предмет на регистрација и апликациите за работна виза се поднесени, се вели во соопштението на „Црвените ѓаволи“.

Куња постигна 33 гол и асистираше за уште 15 во 92 настапи за Вулверхемптон, од кои 15 беа минатата сезона.

Трансферот е рекорден трансфер за Вулверхемптон, надминувајќи ги 53-те милиони фунти што ги плати Манчестер сити за играчот од средниот ред Матеус Нуњес во 2023 година.

Сите во Вулверхемптон би сакале да му се заблагодарат на Матеус за неговиот придонес во нашиот тим и да му посакаат нему и на неговото семејство многу среќа во иднина, соопшти клубот од Западен Мидлендс.

Тие потпишаа со играчот од Атлетико Мадрид во декември 2022 година, првично на позајмица, пред да потпишат четиригодишен договор. Неговиот тековен договор беше до јуни 2029 година.

Тој ја почна својата кариера во Сион во Швајцарија пред да се пресели во РБ Лајпциг, а оттаму во Втората Бундеслига со тимот Херта (Берлин).

Поврзани вести