Skip to main content

Maроко по два месеци стана шампион на Африка иако не победи

 Поранешниот француски фудбалски репрезентативец, Самир Насри, реагираше на одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) да го додели на Мароко Африканскиот куп на нации 2025.

Претходно, CAF ја прифати жалбата на Мароко и му додели технички пораз на Сенегал од 3:0 за напуштање на теренот откако му беше досуден пенал во 90+8 минути од финалниот натпревар на 18 јануари. Натпреварот на крајот беше продолжен и заврши со победа од 1:0 за Сенегал. Мароканецот Брахим Дијаз го промаши пеналот, додека Сенегал постигна гол откако се врати на теренот.

– Доколку CAF дадеше изјава вечерта на натпреварот или следниот ден, ќе разберевме, но ова… Дали ќе го сторат ова повторно во 2035 година? Смешно е. Сенегалците си заминаа дома со трофејот, славеа и направија забава – што треба да прават сега? Искрено, ова дополнително ја дискредитира CAF, изјави Насри за „RMC“.

Сенегалската фудбалска федерација ја објави својата намера да поднесе жалба до Спортскиот арбитражен суд (CAS) во Лозана против одлуката на CAF со која трофејот му е доделен на Мароко

Поврзани вести