Skip to main content
Нови апсења за местење натпревари и обложување во Турција

Лисици за поранешниот потпретседател на Галатасарај

Во рамки на истрагата за местење натпревари и обложување во турскиот фудбал, обвинителството во Истанбул објави дека се приведени уште 24 лица, меѓу кои и поранешниот потпретседател на Галатасарај, Ерден Тимур.

Потпретседателот на прволигашот Ејупспор, Фатих Кулаксиз, како и функционер од Турската фудбалска федерација, исто така, се уапсени.

Турското Обвинителството соопшти дека издало 29 налози за апсење, од кои 14 се за фудбалери кои се осомничени дека се обложувале на пораз на нивните тимови.

Шест играчи се осомничени дека се обложувале и влијаеле на исходот од натпреварот Касимпаша-Самсунспор, одигран во октомври 2024 година.

Ова е трет бран апсења како дел од истрагата за местење натпревари и обложување во турскиот фудбал.

Претходно, Турската фудбалска федерација суспендираше 150 фудбалски судии во ноември, како и речиси илјада фудбалери, од кои 25 настапуваа во Првата лига.

Поврзани вести