
Томас Милер е нов играч на Ванкувер и својата кариера ќе ја продолжи во МЛС лигата. Германецот за својот досегашен клуб Баерн Минхен настапуваше од 2000 година, кога имаше 11 години.
За сениорскиот тим на Баерн дебитираше во 2008 година, а одигра вкупно 756 натпревари и постигна 250 голови. Со тимот од Минхен освои 33 пехари, од кои два во Лигата на шампионите.
За 25 години колку што беше член на Баерн освои и 13 титули шампион на Германија, а последните натпревари за баварскиот клуб ги одигра во текот на летото за време на Светското клупско првенство на ФИФА што се одржуваше во САД.
35-годишниот Милер со новиот клуб потпиша договор до крајот на 2026 година.