Skip to main content

Комити собраа 735.200 денари за помош за настраданите во Кочани

Трагедијата во Кочани никогаш не смее да се заборави, ниту да се повтори! Во овој момент, најважно е да се помогне на семејствата на настраданите, на сите кои се уште ја водат најважната борба!, велат од навивачката група Комити, од каде потенцираат дека како група низ разни акции успеаја да издејствуваат 735.200 денари помош за настраданите во Кочани.

  • Веднаш по трагедијата, се упативме во Државната Болница во Скопје, каде што однесовме храна, вода и финансиска помош – 17 000 ден.
  • На натпреварот против РК Алкалоид, наши членови донираа 39.600 ден.
  • На натпреварот против Ц. Ѕвезда, наши членови донираа 378 600 ден.
  • Донациите од кутиите пред стадионот во висина од 100 000 ден. ги дониравме на семејството на Сара Пројковска, вокал на групата ДНК, која жал е една од жртвите на трагедијата.
  • Нашата подгрупа – Комити Драчево донираше 200 000 ден. директна помош!

Комити Запад секогаш ќе бидат со народот и за народот. Нашата мила Македонија не одгледала, за да ја браниме!, порачаа од Комити.

Поврзани вести