
Со едноминутно молчење започна реваншот од баражот за опстанок во „А“ дивизијата од Лигата на нации меѓу Србија и Австрија кој се играше во Белград. Причина беше загубата на сите луѓе во последниот период. За Вукашин Црнчевиќ, кој стана 16-та жртва на уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Се одржа и едноминутно молчење за сите загинати во неодамнешниот пожар во дискотека во Кочани. Почит беа оддадени и на починатите поранешни фудбалери Душан Маравиќ, Радиша Илиќ и Андрија Делибашиќ.
Ниту коментаторот на РТС, легендарниот Александар Стојановиќ, не можеше да ја задржи возбудата. Тој се расплака при објавувањето на минута молчење на стадионот „Рајко Митиќ“.
Aca Stojanović zaplakao u prenosu pic.twitter.com/WXCeNgrkP4
— dedalaki (@dedalaki1) March 23, 2025