Skip to main content

Клоп го фали Салах пред заминувањето

 Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, во суперлативи зборуваше за го нарече египетскиот репрезентативец Мохамед Салах, кој на лето ќе го напушти премиерлигашот од „Енфилд Роуд‘.
Клоп и Салах соработуваа седум години во Ливерпул, период во кој клубот ја освои Премиер лигата и Лигата на шампиони.


„Кога го тренирате, ги правите исти работи како и со секој друг играч. Му кажувате да не ја губи топката, повеќе да се враќа во одбраната. Нормални работи. Неверојатно е кога ќе ја погледнете пошироката слика. Неговата статистика е неспоредлива. Дали ќе зборуваме за ова за десет години и дали некој друг ќе ги достигне истите бројки? Ќе биде многу тешко за некој да го надмине. Салах е еден од најголемите фудбалери на сите времиња“, рече Јирген Клоп, цитиран од Би-Би-Си

Поврзани вести