Skip to main content

КЛ: Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа потенцијалните ривали во 2. квалификациско коло

Трите македонски екипи кои изборија пласман во квалификациите во Лигата на конференции, попладнево со жрепка во Нион ги дознаа можните ривали за втората квалификациско рунда.

Освојувачот на македонскиот Куп, Вардар за противник во 2. квалификациско коло ја доби Лозана од Швајцарија, доколку во воведното коло ја елиминира Ла Фиорита од Сан Марино.

Потенцијален противник на Силекс, доколку биде македонскиот тим биде поуспешен во 1.квалификациско коло во пресметка со црногорски Дечиќ, ќе биде австриски Рапид, додека Работнички ќе игра против израелски Макаби Хаифа во случај да ја мине првата квалификациска пречка во пресметката со белоруски Торпедо – Белаз.

Македонскиот првак Шкендија во случај на елиминација во воведното коло во Лигата на шампиони од велшки ТНС ќе ги продолжи настапите во 2.квалификациско коло во Лигата на конференции во кое за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу косовска Дрита и Диферданж од Луксембург.

Првите натпревари од 2. квалификациско коло во Конференциската лига се на програмата на 22 јули, а реваншите една недела подоцна.

Поврзани вести