Skip to main content

Јувентус најмалку две недели без повредениот дефанзивец Хуан Кабал

Instagram / davidcabal_22

Јувентус ќе биде најмалку две недели без колумбискиот дефанзивец Хуан Кабал, кој се повреди на дуелот против Виљареал во Лигата на шампиони, објави италијанскиот клуб.

Прегледите спроведени во четврток наутро утврдија дека играчот има умерена повреда на бицепсот на феморисот. Понатамошни тестови ќе бидат извршени за две недели за да се утврди точното времетраење на неговото закрепнување“, соопшти Јувентус.

Според „Газета дело Спорт“ и „Скај Спорт“, 24-годишниот Кабал би можел да отсуствува до еден и пол месец поради повредата.

Колумбиецот му се приклучи на Јувентус во јули 2024 година од Верона, а својата прва сезона во Торино ја заврши во ноември, откако го повреди коленото на натпревар во дресот на колумбиската репрезентација.

Поврзани вести