
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, поднесе оставка по синоќешниот пораз (0:1) од Албанија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година.
Разговарав со претседателот и генералниот секретар и поднесов оставка. Јас лично не го очекував овој пораз. Преземам целосна одговорност и прифаќам целосна вина за овој пораз – изјави Стојковиќ на прес-конференцијата по натпреварот во Лесковац.
Стојковиќ беше селектор на српската репрезентација од 2021 година. Србија го претрпе вториот последователен пораз (претходно загуби од Англија со 5:0 во септември).
Албанија има 11 бода и е втора во Групата К. Србија е трета со 7 бода.