
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го пофали својот тим за победата (1:0) над Рома синоќа на гости во 7. коло од Серија А.
– Целата заслуга е на играчите. Тие веднаш се фокусираа во новото првенство. Ги оставија разочарувањата од минатата сезона зад себе и се вратија на рингот за да покажат дека се силни и подготвени да се борат во секој натпревар. Многу играчи одиграа два цели натпревара за само неколку дена. Играњето тука во Рим е секогаш тешко. Тие се силен тим со добар тренер, а со таква публика, не е лесно за никого, изјави Киву за „Скај Спорт“.
Со 15 бода од седум натпревари, Интер е прв на табелата во италијанското фудбалско првенство. Тие ќе играат против Наполи на гостински терен во 8. коло