Skip to main content

Химната во еден глас на Градски, па минута молк за жртвите во Кочани пред почетокот на мечот со Велс

Целата арена „Тоше Проески“ вечерва во еден глас ја пееше македонската химна пред мечот на македонската фудбалска А репрезентација против Велс во вториот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Веднаш по интонирањето на националните химни, пред првиот судиски свиреж имаше и минута молк во чест на загинатите во трагедијата во Кочани.

Селекторот Благоја Милевски одлучи денешниот дуел да го стартува со С. Димитриевски ма голманската позиција, Е. Алиоски, В. Муслиу, Н. Серафимов и Ѓ. Зајков во одбраната, средниот ред го пополнуваат капитенот Е. Барди, И. Алими и Б. Илиевски, а во нападот се Е. Елмас, Б. Миовски и Т. Костадинов.

Поврзани вести