Skip to main content

Хендикеп за Баерн Минхен: Заврши сезоната за Гнабри

Facebook / Serge Gnabry

Напаѓачот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, поради повреда веројатно ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезоната, што го доведува во прашање неговиот настап за германската репрезентација на претстојното Светското првенство, јавија синоќа локалните медиуми.

Гнабри има повреда на мускулот на десната нога и ќе биде надвор од терените подолг период, објави Баерн Минхен.

Клубот не даде дополнителни детали, оставајќи ја неизвесна сериозноста на повредата и временската рамка за враќање на 30-годишниот напаѓач.

Според медиумските извештаи, Гнабри ќе ги пропушти сите преостанати натпревари во кои Баерн е во борба за тројна круна.

Додека титулата во Бундеслигата е речиси обезбедена, „баварците“ ќе се соочат со Баер Леверкузен на гостински терен во полуфиналето на германскиот Куп, в среда, пред да игра против актуелниот европски шампион ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Поврзани вести