
) – Влезниците за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација до 21 година против Италија во Битола во рамки на квалификациите за пласман на Европската првенство од денеска се пуштени во продажба, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Натпреварот кој е во рамки на воведното коло од квалификациската група Е е закажан за вторник на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола со почеток во 18:15 часот.
„Поддржете ги младите надежи во големиот дуел против Италија“, апелираше ФФМ, информирајќи дека билетите по цена од 200 денари можат да се купат онлајн преку eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола.
Битола по пауза од 31 година ќе биде домаќин на меѓународен натпревар на македонска фудбалска репрезентација. Прв и последен пат тоа беше во 1994 година, кога македонската репрезентација до 21 година беше домаќин на Шпанија.
ФФМ изминатите два месеци во соработка со Општина Битола инвестираше околу 150.000 евра во реконструкција на стадионот „Петар Милошевски“ на кој македонската репрезентација до 21 година ќе ги игра сите свои домашни натпревари од групата Е во која се и селекциите на Шведска, Полска, Црна Гора и Ерменија