
Фудбалската федерација на Македонија се обрати до сите македонски навивачите кои даваат поддршка на репрезентација. Околу 2.000 македонски навивачи беа и дел од публиката на Паркен стадионот во Копенхаген на полуфиналниот дуел против Данска од баражот за пласман на СП 2026. Противникот победи со 4:0.
На социјалните мрежи од ФФМ објавија: „Искрена благодарност до сите навивачи на македонската репрезентација, вашата поддршка е мотив да станеме посилни“.

Македонски



