Skip to main content

Eве какви измени направи Седлоски за мечот против Ирска

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски го одреди почетниот состав за вечерашниот натпревар против Ирска во Даблин, во пресметката на двете поразени селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство 2026.

Од почетните 11 кои истрчаа на теренот во четвртокот на гостувањето во Данска, Седлоски за вечерашниот натпревар се одлучи за две нови имиња во искусниот Велковски и дебитантот Фетаи во дефанзивната линија, а во средниот ред се враќа Костадинов, кој не настапи во Копенхаген поради жолти картони.

Седлоски се одлучи за следните фудбалери: Димитриевски, Зајков, Велковски, Фетаи, Чурлинов, Костадинов, Алими, Ерера, Барди, Елмас и Растодер.

Натпреварот на стадионот „Авива“ во Даблин е со почеток во 20:45 часот

Поврзани вести