Skip to main content

Емил Божиновски именуван за нов претседател на судискиот одбор при ФФМ

Управниот одбор на Фудбалската федерација донесе одлука да го именува Емил Божиновски за нов претседател на судискиот одбор.

Тој ќе го замени досегашниот прв човек, Александар Ставрев, а во судискиот одбор влегува и Јосип Бартон, на местото на Дејан Костадинов.

Божиновски е поранешен македонски фудбалски судија и долгогодишен интернационален арбитар со богата кариера на домашната и европската сцена. Судел на натпревари од Лигата на шампионите, Лига Европа и квалификации за големи натпреварувања.

По завршувањето на активното судење, беше контролор на судење на натпревари во организација на УЕФА и ФИФА.

Поврзани вести