
Македонската фудбалска репрезентација денес во Прага ќе се соочи со Саудиска Арабија во контролен натпревар пред продолжување на квалификациите за Светското првенство 2026.
Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас очекува максимално залагање на сите кои ќе добијат шанса да настапат на овој дуел.
– За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус. Овој меч е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн. Имав добри подготовки, чувствувам дека сум подготвен. Овие два натпревари ќе ми значат многу, бидејќи по подолго време повторно ќе настапам во меч со голема важност. Саудиска Арабија е тим кој игра со многу посед и знае да ја чува топката, па ќе мора да бидеме максимално сконцентрирани. Ние секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме. Секој настап за Македонија е мотив плус и верувам дека овој пријателски натпревар ќе биде од голема корист за нас, истакна Елмас.
Натпреварот во Прага ќе почне во 17 часот