
Тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли, ги искажа своите впечатоци по поразот од Наполи (1:3) синоќа во домашниот натпревар од 3. коло од Серија А.
Лошо ги започнавме двете полувремиња, а против тим од ова ниво мора да платите за овие грешки. Тие ги искористија повеќето наши грешки, си дозволивме да бидеме неподготвени за два корнера, а на ова ниво не смеете да го направите тоа. Игравме иако не беше лесно со 0:2 по 15 минути. Имавме шанси за гол, а во последните 10 минути можевме да го направиме резултатот 3:2. Треба да се подобриме, бидејќи и нашите противници направија грешки, но не ги искористивме целосно. Тоа е разликата, изјави Пиоли за „Sky Sport Italia“.
Фиорентина освои два бода од трите натпревари на почетокот на сезоната 2025/26 и е на 13-то место на табелата во Серија А