
Домаќините на Европското фудбалско првенство во 2028 година, Англија, Ирска, Шкотска и Велс, ќе мора да поминат низ квалификации, објави УЕФА во среда по состанокот на Извршното биро.
Европската централа посочи дека ќе има само две домашни квоти доделени на четирите национални федерации, а тие ќе им одат на двете најдобро рангирани екипи меѓу нив. Сепак, ова ќе се случи само ако не успеат да се квалификуваат преку стандардниот квалификациски пат.
Екипите што ќе учествуваат во квалификациите ќе бидат поделени во 12 групи од по четири или пет екипи. Победниците од овие натпревари ќе се квалификуваат за Европското првенство заедно со осумте најдобри второпласирани екипи. Ова ќе обезбеди 20 од вкупно 24 квоти.
Останатите четири ќе бидат поделени меѓу домаќините и победниците од плејофот. Домаќините ќе имаат максимум две од овие квоти, но само ако две или повеќе од нив не успеале да се квалификуваат. Доколку се квалификуваат Англија, Ирска, Шкотска и Велс, можно е да се ослободат до четири места во баражот.
Четирите земји домаќини на ЕП 2028 ќе бидат извлечени во различни групи во квалификациите, но ќе имаат посебни вкупни рангирања меѓу себе.