Skip to main content

Дешамп седнува на „кралската“ клупа

Актуелниот селектор на Франција, Дидие Дешамп е најсериозниот кандидат за тренерското место на Реал Мадрид. Тој по завршувањето на Светското првенство ќе ја напушти селекторската позиција на „триколорите“ и со тоа ќе заврши неговиот 14 годишен мандат.

Како што пренесува „РМК Спорт“ тој е во најтесниот избор за тренерската позиција на „кралскиот клуб“.

Во Реал Мадрид постои незадоволство од причина што имаат криза на резултати и постои шанса да не освојат пехар на крајот од сезоната.

Моменталниот тренер или привременото решение Алваро Арбелоа не ги исполни очекувањата на управата.