
Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, ја пофали важноста на тренерот Микел Артета за „топчиите“.
Арсенал синоќа го победи Реал Мадрид со 2:1 во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите и со вкупни 5:1 избори пласман во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување.
-Имаме целосна доверба во нашиот тренер Микел Артета. Тој е неверојатен. Знаевме дека ќе го победиме Реал Мадрид, напиша Рајс на неговата страница на социјалната мрежа Икс