Skip to main content

Данев: Респект за Италија, но одлучни сме дека одиме на триумф

Freepik

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид го одработи последниот тренинг пред утрешниот квалификациски натпревар против Италија. Противникот е фаворит во дуелот ќе се игра утре на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со почеток од 18:15 часот.

– Очекувам прекрасна атмосфера, полн стадион и победа на Македонија. Кога го носиме македонскиот дрес, императивот секогаш е победа. Респект за Италија, знаеме што значи таа репрезентација за светскиот фудбал, но ние сме одлучни и утре ќе одиме на триумф. Италија е силна во организацијата на играта, треба да бидеме компактни во дефанзива и доволно брзи во нападот. Секоја екипа има слабости, ќе дадеме сè од себе да ги искористиме и во Битола да ја израдуваме Македонија, тоа би била нашата честитка за големиот празник, изјави репрезентативецот Димитар Данев.

Нашата репрезентација во првиот натпревар загуби на гостувањето кај Полска со 3:0.