
По заминувањето на Жозе Мурињо од клупата на Фенербахче турскиот гигант е во преговори со уште едно големо фудбалско име. Дел од турските медиуми објавија дека раководството на клубот веќе постигнала договор со Зинедин Зидан.
Мурињо доби отказ во Фенербахче откако клубот не успеа да се пласира во Лигата на шампионите.
Според турските медиуми клубот од Истанбул имал за цел да го ангажира Лучано Спалети, кој ја одбил понудата, а во игра беа и Ангелос Постекоглу и поранешниот селектор на Белгија Доменико Тедеско.
Французинот Зидан со Реал Мадрид ги освои сите можни трофеи (имаше три триумфи во Лигата на шампионите), а по заминувањето од Реал Мадрид не беше активен како тренер.