Skip to main content

Дали реваншот во Минхен ќе биде само формалност?

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани ги сподели своите очекувања за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баер леверкузен.

– Сакаме да постигнеме резултат што ќе ни овозможи да одиме понатаму. Кога играме, на теренот излегуваме со главен приоритет желбата за победа. Треба да се подготвиме за она што можеме. Се работи за дуелите кои сакаме да ги добиеме, головите што сакаме да ги постигнеме. На крајот ќе одлучи квалитетот на играчите, изјави Компани за клупскиот сајт на баварскиот клуб.

Натпреварот меѓу Баер и Баерн ќе се одигра во Леверкузен вечер со почеток во 21 часот.

Првата средба заврши со победа на минхенскиот тим со резултат 3:0.