
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, во свој стил го прокоментира поразот од Порто во четвртфиналето од Купот на Португалија.
– Причините се очигледни. Подобриот тим загуби затоа што не постигна гол и прими еден гол, тоа е сè. Ја контролиравме играта против тим кој играше со голем интензитет. Бенфика доминираше од почеток до крај во натпревар без многу шанси за гол. Против тим полн со самодоверба, каде што навивачите го прифаќаат фактот дека нивниот тим поминува 45 минути бранејќи се на својата половина… Голот што го примивме во последната минута зборува сам за себе. Ако бев вознемирен минатиот пат поради натпреварот, денес сум вознемирен поради играчите. Бев ангажиран да ѝ донесам титули на Бенфика во тешка ситуација… Дали навивачите се со мене? Зошто ме прашувате ова? Јас не сум важен, Бенфика е, го цитира Мурињо „А Бола“.

Македонски





