
Весникот „Стандарт“ од Бугарија како да ѝ љубомори на фудбалската репрезентација на Македонија, па нејзината „петарда“ против Лихтенштајн и враќањето на врвот на табелата во квалификациската група за Светското првенство го оценува како – срам за Бугарија?!
„Уште еден срам за нас. Македонија ја предводи својата група“, е насловот на „Стандард“, кој успехот на соседот го става во корелација со катастрофалниот почеток на мундијалските квалификации за бугарскиот национален тим со поразите од по 3:0 против Шпанија во Софија и од Грузија вчера во Тбилиси.
Земји како Македонија се лидери во својата квалификациска група…“, не може да се помири „Стандарт“.