Skip to main content

Бразилска „самба“ во Работнички

Бразилецот Калани Алмеида потпиша денеска двегодишен договор со македонскиот фудбалски прволигаш Работнички.

Како што се наведува во клупското соопштение, станува збор за 23-годишен офанзивен фудбалер, кој доаѓа од Словенија каде настапуваше за Горица и за Томлин.

Кариерата ја почна во младинскиот тим на Атлетико-МГ, а потоа во својата родна земја настапуваше и за Ботафого-ПБ и Маринга.

Работнички измината сезона во Првата македонска фудбалска лига го освои третото место и избори настап во квалификациите за Конференцијата лига на УЕФА.

За Работнички ова е враќање на европската сцена по пауза од седум години. 

Поврзани вести