Skip to main content

Бетис не издржа против Челзи

 Тренерот на Челзи, Енцо Мареска му се заблагодари на тренерот на шпанскиот тим Мануел Пелегрини по победата над Бетис (4:1) во финалето на Конференциската лига.

– Сакав да победам, но бев сигурен дека победникот во секој случај ќе биде среќен за поразениот. За среќа, победив и знам дека Мануел ќе се радува за мене. Да загубив, ќе бев тажен, но и ќе најдов сила да се радувам за Мануел, изјави Мареска за сајтот на УЕФА.

Пред две децении, Пелегрини му беше тренер на Мареска, а потоа заедно работеа во ист стручен штаб.

Челзи стана првиот тим што ги освоил сите европски натпреварувања: Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Конференциската лига, Суперкупот на УЕФА и Купот на победниците на куповите.

Поврзани вести