Skip to main content

Араухо би можел од Барселона да оди на позајмица во Јувентус

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Роналд Араухо би можело да премине во Јувентус на позајмица, пренесува „Газета дело спорт“.

Според италијанскиот весник, 25-годишниот Уругваец веќе се согласил на трансферот за да добие поголема минутажа на теренот.

Барселона сè уште не ја прифатила понудата на тимот од Торино, но може да се согласи поради високата плата на дефанзивецот.

Араухо се пресели во Барселона во 2018 година. Сезонава поради повреда одигра само еден натпревар за Каталонците во Купот на Шпанија, постигнувајќи една асистенција.

Вредноста на Араухо на порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 55 милиони евра. Неговиот договор со Барселона е до летото 2026 година.